Виз Ер Скопски маратон е најпопуларната и најпознатата, а воедно и без конкуренција најмасовната спортска манифестација во Република Македонија.
На 8-ми мај 2016-та година ќе се одржи 12-то издание кое на програмата има 4 трки, маратон (42.195км), полумаратон (21.097км), трката на 5 километри и штафетен маратон (4 x 10 км), со очекување на околу 8000 тркачи во сите трки.
Виз Ер Скопскиот маратон е во друштвото на најголемите светски маратони, а од 2008-та година има сертификат од Асоцијацијата за маратони и улични трки (АИМС).
Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојуз на спортови на Скопје, а главен покровител е Градот Скопје, со Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт на РМ.